Нов „дабл-дабл“ на Јокиќ, одличен настап и на Покушевски

Никола Јокиќ со „дабл-дабл“ од 19 поени и 13 скока проследени и со 6 асистенции го предводеше Денвер до 12 победа во 19 натпревар славејќи на гостински терен во Лос Анџелес кај Клиперс со 104-114. Вол беше најрасположен кај домаќините со 23 поени.

Одличен натпревар одигра и младиот Алексеј Покушевски кој кој постигна 15 поени и 6 скока во победата по продолжение од 123-119 против Чикаго. Демар Дерозан беше лидер на гостинскиот состав со 30 поени, 5 скока и 6 асистенции.

Незапирлив во новата победа на Милвоки овој пат издвојувана против Кливленд (117-102) беше Јанис Адетокумпо. Гркот флертуваше со „трипл-дабл“ учинок од 38 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Oстанати натпревари:

Шарлот – Минесота 110-108
Орландо – Филаделфија 99-107
Њујорк – Портланд 129-132
Бостон – Сакраменто 122-104
Хјустон – Атланта 128-122
Индијана – Бруклин 128-117
Мемфис – Њу Орлеанс 132-111
Мајами – Вашингтон 110-107
Сан Антонио – Лејкерс 94-105
Феникс – Детроит 108-102
Голден Стејт – Јута 129-118

Се вчитува...