Нов ден, нов трансфер на Манчестер Сити

Манчестер Сити втор ден по ред официјализира фантастичен трансфер. Откако вчера беше доведен Феран Торес од Валенсија, од денеска нов член на „граѓаните“ е и Нејтан Аке, 25-годишниот холандски дефанзивец кој пристигнува од редовите на Борнмут. Понудата од 40 милиони фунти беше прифатена уште минатата седмица, но се чекаше поради договорот за продажба на Аке од Челси во Борнмут, според кој лондонскиот клуб има право да ја израмни секоја понуда за да го врати Аке на „Стемфорд бриџ“.

Челниците на Челси се решија да не го сторат тоа, по што Сити вечерва и официјално потпиша петгодишен договор со Аке.

„Манчестер Сити е еден од најдобрите клубови во последната деценија. Доаѓањето овде е исполнување на мојот сон, да бидам дел од екипа преполна со фудбалски ѕвезди. Стилот на игра исто така ми одговара, знам дека ме очекува жестока конкуренција за место во тимот, но не се плашам од предизвикот“, изјави Аке по потписот на договорот.

Се вчитува...