Карло Анчелоти ќе остане на функцијата селектор на Бразил и по СП 2026, откако челниците на федерацијата решија да му дадат нов четиригодишен договор.
„Кариоките“ се импресионирани од стручноста и искуството на овој врвен стратег, идентификувајќи го како идеален лидер на оваа селекција. Бразилците не сакаат настапот на мундијалот да биде последен со Италијанецот како селектор, па веќе се во напредна фаза преговорите за продолжување на соработката.
Самиот Анчелоти исто така е импресиониран од талентот што го поседуваат бразилските фудбалери и сака да остане со единствена цел – да ги врати „кариоките“ на врвот на светскиот фудбал, на СП 2026 или евентуално четири години подоцна.
Информациите велат дека двете страни начелно ги договориле клучните детали од соработката, а остануваат уште ситници до официјализацијата на новиот договор, што сигурно ќе се случи во текот на месец март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

