Нов договор за награда: Карвахал во Реал до 2022 година

Реал Мадрид не беше премногу активен за доведување на нови фудбалери, но Флорентино Перез затоа настојува да ги задржи сите оние кои се заслужни за последните две европски круни на „кралскиот клуб“. Така, по левиот бек Марсело денеска нов договор со Реал потпиша и десниот страничен дефанзивец Дани Карвахал.

Како што објавија „кралевите“, Карвахал потпиша договор со важност до 2022 година. Актуелниот договор му истекуваше во јуни 2020 година и немаше потреба од брзање во преговорите, но раководството на Реал на овој начин го награди шпанскиот репрезентативец за одличните настапи во последните сезони.

За утре во Мадрид е закажана прес-конференција на која Карвахал и Перез официјално ќе дадат изјави по повод продолжувањето на соработката.

Се вчитува...