Нов договор за Ван Дајк – сите носат засилувања, Ливерпул потпишува нови договори

Премиерлигашите трошат богатство на нови засилувања, а Ливерпул својот приоритет за летово го насочи кон задржување на клучните фудбалери со потпис на долгогодишни договори.

По Тренат Александер Арнолд, Фабињо и голманот Алисон Бекер, денеска нов договор со Ливерпул потпиша и Вирџил ван Дајк, кој ќе остане на „Енфилд“ најмалку до јуни 2025 година. Холанѓанец го пропушти поголемиот дел од ланската сезона поради тешка повреда заработена на градското дерби со Евертон, но сега е максимално подготвен за настап на стартот на сезоната, на утрешниот дуел со Норвич.

„Фантастично се чувствувам, бекрајно сум горд што ќе останам овде. Продолжуваме со напорна работа и со нетрпение очекувам да видам што ни носи заедничката иднина со Ливерпул“, изјави Ван Дајк по потписот на договорот.

Се вчитува...