Нов гол на Ѓорѓев, нова победа на Грасхоперс

Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев и втор натпревар се запиша во листата на стрелците. По двата гола минатата седмица против Арау, овој пат Ѓорѓев беше стрелец на гол во победата на Грасхоперс над Лозана со 3-1. Поранешниот македонски репрезентативец влезе во 56. минута од натпреварот, а во 87. ја завери победата на домаќините.

Претходно Грасхоперс поведе со голот на Витвер во 37. минута. На  1-1 израмни Туркеш во 51. минута, а само девет минути подоцна ново водство за домаќините донесе Бен Калифа. Со оваа победа Грасхоперс останува на втората позиција во Втората швајцарска лига која води во бараж за пласман во елитата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...