Нов голем пресврт – Австралиски експерти едногласни: На Ѓоковиќ ќе му биде дозволено да настапи на Австралија опен!?

Вечерва на полноќ ќе биде завршена целата сага околу ситуацијата со Новак Ѓоковиќ и неговиот влез во Австралија. Веќе петти ден како првиот рекет во светот се наоѓа во т.н. притвор во Мелбурн и ја чека одлуката на судот околу неговиот влез во земјата.

Австралиските адвокати Џастин Квил и Дејвид Галбал очекуваат позитивен исход од жалбата на Србинот и дека со тоа ќе добие дозвола за влез во земјата и настап на Австралија опен.

„Претпоставувам дека судијата ќе каже ќе дадам привремен судски налог, практично привремено ќе се сопре процесот на депортација и тогаш ќе ги сослуша сите страни во случајот. Како што знаете правдата никогаш не доаѓа брзо. Сепак, тоа не значи дека Ѓоковиќ ќе победи во процесот. Двете страни најчесто постигнуваат договор и тоа е крај на се“, вели Квил. 

Слично размислува и неговиот колега Галбал…

„Неговиот аргумент е едноставен. Се работи за тоа што направил се што од него било барано како би му била визата гарантирана. Тој потрошил пари да дојде тука и затоа треба да му биде дозволено да влезе во земјата и да настапи на Австралија опен“, вели Галбал. 

Се вчитува...