Нов хаос во Ф-1: Се запали болидот на Кими Раиконен (видео)

Десетина дена по страшните глетки од Ф-1 патеките и запалениот болид на Грожан, денешниот тренинг на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби донесе нов инцидент, откако се запали моторот на Кими Раиконен.

За среќа, ситуацијата не беше толку сериозна како со Грожан, финскиот ас возеше петнаесетина секунди со пламен од моторот пред да го паркира болидот и пожарот да биде изгаснат.

Последната трка од Ф-1 шампионатот се вози в недела во 14.10 часот.

Се вчитува...