Нов инцидент: Навивач на Арсенал влета на терен и го турна Смолинг (видео)

Инцидентите во англискиот фудбал дефинитивно зачестија откако бевме сведоци на немила случка и на денешното дерби меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, на кое еден домашен навивач влета на теренот и го турна Крис Смолинг.

Немилата ситуација се случи веднаш по постигнувањето на вториот погодок на „топчиите“, додека домашните фудбалери славеа еден од навивачите на Арсенал влета на теренот. Тој не се упати директно кон своите миленици, туку кон Крис Смолинг, туркајќи го противничкиот играч пред да тргне кон играчите на Арсенал.

Контактот беше минимален, но во секој случај загрижува фактот што во Англија и покрај строгите закони хулиганите се решаваат не само да се симнат на терен, туку и да влезат во конфликт со фудбалерите од противничкиот тим.

Само за потсетување, овој инцидент следи неколку часа по хаосот што настана на градското дерби меѓу Бирмингем и Астон Вила откако еден домашен навивач влета на теренот и го удри фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш.

 

Се вчитува...