Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски испиша нова страница во македонската атлетика, поставувајќи нов национален рекорд во дисциплината десетобој на националното првенство на Словенија во Марибор.
По два исклучително напорни и квалитетни натпреварувачки дена, исполнети со настапи во десет дисциплини, Огнен освои вкупно 7189 бодови, со што го подобри досегашниот македонски рекорд за дури 541 бод.
Остварениот резултат според официјалната светска атлетска таблица вреди 1001 поен, што претставува историски успех. Со овој резултат, Огнен се вбројува меѓу најуспешните македонски атлетичари во историјата на повеќебојот и најавува сериозна конкурентност на претстојните меѓународни натпреварувања.
Веќе следниот викенд македонскиот репрезентативец ќе настапи на Европското првенство за мали земји, додека на 20 јуни го очекува и настап на Балканското првенство за сениори, каде ќе биде во конкуренција за освојување на медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
