Нов најдобар ранкинг за Ивановски, Ѓоковиќ останува прв на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски стигна до својот најдобар ранкинг на АТП листата, откако на најновото рангирање се најде на 504. позиција. Тој неделава има напредок од триесет места и во моментов е најдобар Македонец и единствен во првите 1000 на АТП листата.

Одличните настапи на фјучрс турнирите во Монастир каде во две недели стигна до едно финале и едно полуфинале му го донесоа на македонскиот тенисер најдобриот ранкинг досега во кариерата.

На врвот нема никакви промени. Ѓоковиќ ја почна 375 недела како најдобар на АТП листата и сега му недостигаат само уште три седмици да го помине аполутниот рекорд од 377 недели кој е во сопственост на легендарната Германка, Штефи Граф.

Се вчитува...