Нов натпревар и нов триумф на Димитријевиќ и Уникс во ВТБ

Уникс Казањ и Ненад Димитријевиќ ја продолжија победниката низа во ВТБ лигата откако во 21. коло славеа на гостински терен против Самара со 74-86. Клучна за победата беше третата четвртина која гостинскиот состав ја доби со двоцифрена предност па умешно приреди мирен крај на мечот за триумф број 19.

Македонскиот интернационалец мечот го заврши со девет поени при реализација 3/6 за два, 1/2 за три и 3/5 за еден поен, а згора на тоа додаде и пет асистенции и три скока за 25 минути поминати на паркетот.

Се вчитува...