Нов одложен меч во Супер-лигата во ракомет

Денешниот ден носи и нов одложување во ракометната Супер-лига на Македонија, откако беше обелоденето дека Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп нема да можат да ги одмерат силите поради коронавирус.

Дуелот што требаше да се игра денеска со почеток од 18 часот е одложен откако најновото тестирање покажало позитивни случаи на Covid-19 и кај „младите пелистерци“ и во таборот на прилепчани.

Новиот термин на одигрување на натпреварот ќе биде дополнително одреден.

Се вчитува...