Нов одложен натпревар во Премиер-лигата

Продолжуваат проблемите во англиската Премиер-лига, откако раководството повтрди дека дуелот од 20. коло кој требаше да се игра во четврток меѓу Евертон и Њукасл е одложен поради позитивните случаи кај Њукасл кои синоќа играа против Манчестер јунајтед.

Само ден по завршувањето на дуелот портив Јунајтед, Њукасл се соочува со позитивни случаи па затоа ќе мора да биде одложен дуелот од 20. рунда кој требаше да се игра во четврток.

Претходно, викендов одложен беше мечот на Евертон кој требаше да го игра на гости против Барнли на „Боксинг-деј“.

 

Се вчитува...