Нов откриен инцидент: Член на стручниот штаб на Аргентина го удрил Олмо

Во низата инциденти по финалето на Светското првенство, уште еден Шпанец, Дани Олмо, беше жртва.

Фудбалерот на Барселона доби удар со тупаница во вратот од легендарниот аргентински репрезентативец Роберто Ајала.

Поранешниот одбранбен играч на Ривер Плата, Наполи, Милан, Валенсија, Реал Сарагоса и Расинг сакаше дополнително да се пресмета со крилниот напаѓач, но Ерик Гарсија го спречи во тоа.

„Ние сме пример за безброј момчиња и девојчиња и затоа секогаш мораме да даваме добар пример. Не сакав да испратам лоша порака до сите деца и навивачи кои го гледаа натпреварот од дома. Имаме одговорност и треба да бидеме пример за новите генерации“, го коментираше Олмо овој инцидент.

 

Се вчитува...