Нов пораз: Металург последен на турнирот во Русија

Ракометарите на Металург го освоија последното место на турнирот во Русија, откако претрпеа пораз и на денешниот трет меч во кој за ривал ја имаа Стеауа (27-28).

За разлика од претходните две средби со Чеховски Медведи и со Брест Мешков, овојпат „металурзите“ одиграа израмнет натпревар во текот на сите 60 минути. Поголемото искуство на романскиот состав сепак беше пресудно, па Стеауа на крајот славеше минимално, освојувајќи го третото место пред поранешниот првак на Македонија.

Настапите против силно ривали беа добра можност за тренерот Стојановиќ да ги види на дело сите ракометари и да корегира дел од грешките до стартот на македонската Супер-лига, закажана за почетокот на месец септември.

Се вчитува...