Нов пораз на Денвер, падна крв во Детроит – Лејкерси победија, а Леброн доби исклучување (ВИДЕО)

Јасно е дека без Јокиќ Денвер не може многу да направи против екипите од врвот на табелата. Кошаркарите на Санс лесно ги добија Нагетс.

Феникс шутираше околу 54% од поле, а во отсуство на Јокиќ, успеајаа да наметнат апсолутна доминацијата во рекетот, па по првата четвртина направија разлика од +20 поени. Санс дадоа 48 поени во првиот период, втор најдобар резултат во клупската историја. На крајот од лесните +29, Итон постигна 21 поен, имаше 8 скока и неколку блокади, Крис Пол запиша 10 асистенции, Камерон Џонсон одигра меч во кариерата постигнувајќи 22 поени. Кај гостите од Колорадо Грин уфрли 19, Арон Гордон запиша дабл-дабл, но ниту тој не успеа да помогне на својот тим.

Лејкерси завршија без Леброн во Детроит, откако Џејмс доби исклучување на почетокот на второто полувреме, вторпат во кариерата. Тој го удри Ајсаја Стјуарт во лице, па на тој начин ги остави Дејвис и Вестбрук да направат пресврт. Дејвис даде 30 поени, имаше 10 скока и две блокади. Одличната вечер припадна на Канингем, кој стана првиот пик на драфтот, откако се запиша како најмлад играч во историјата на Детроит кој остварил трипл-дабл, 13 поени, 12 скока и 10 асистенции.

 

Резултати:

ЛА Клиперс – Далас 97:91

Детроит – ЛА Лејкерс 116:121

Чикаго – Њујорк 109:103

Феникс – Денвер 126:97

Голден Стејт – Торонто 119:104

Се вчитува...