Нов позитивен случај на коронавирус во Атлетико Мадрид

Уругвајскиот дефанзивец Хозе Марија Хименез е новиот потврден случај на коронавирус во шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, потврдија од клубот. Во текот на вчерашниот ден било спроведено тестирање во клубот од „Ванда Метрополитано“ на кое Хименез бил позитивен. Тој се чувствува добро и веќе е во само изолација. Неговата здравствена состојба ќе ја следи медицинскиот тим на клубот.

Претходно заразени со Ковид-19 беа и Анхел Кореа и Шиме Врсалјко кои беа позитивни пред мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против германскиот Ред Бул Лајпциг.

 

Се вчитува...