Нов проблем за Челси: Калум Хадсон Одои сака да замине од „Стемфорд Бриџ“

Промената на раководството во Челси донесе и сериозни проблеми за клубот. Лондонскиот гигант не само што не успеа да ги задржи Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, потешко од очекуваното стигнува и до нови засилувања, а немир владее и внатре во соблекувалната.

Тимо Вернер јавно изјави дека сака поголема минутажа за да биде во конкуренција за место во германската репрезентација за престојното Светско првенство во Катар, а стапките на Германецот ги заследи и Англичанецот Калум Хадсон Одои.

Дваесетиедногодишникот не беше во прв план ниту во претходната сезона, а со доаѓањето на Рахим Стерлинг неговиот „простор“ дополнително се намали. Младиот крилен играч изразил големо незадоволство и очекува да биде продаден во следниот период.

Од односот на Хадсон Одои не е задоволен ниту Томас Тухел па со цел да ја смири ситуацијата во соблекувалната ќе дозволи заминување. За неговите услуги во минатото голем интерес покажа Баерн Минхен, но Германците веќе ја пополнија празната позиција.

Се вчитува...