Нов проблем за Јуве: Игуаин неизвесен и за реваншот со Тотенхем во ЛШ

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин би можел да го пропушти и реванш натпреварот против Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите на 7.март. Тој заработи повреда на скочниот зглоб на мечот против Торино, а опоравувањето оди многу бавно и тој се уште чувствува голема болка. Првичните најави беа дека сигурно ќе биде во комбинација за гостувањето во Лондон, но сега работите се искомпликуваа.

Ова сигурно е уште една главоболка повеќе за тренерот Масимилијано Алегри, кој не може да смета ниту на Федерико Бернардески, Хуан Квадрадо и Матија де Шилјо.

„Старата дама“ вечерва го игра реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија, а Игуаин воопшто не е во комбинација за настап.

Се вчитува...