Нов проблем за Куман пред мечот со Јувентус

Роналд Куман се соочува со големи главоболки на стартот од авантурата во Барселона, по двата порази од Хетафе и од Реал Мадрид се зголемува притисокот што поскоро да биде најден излез од кризата, а во меѓувреме се зголемуваат и повредите меѓу стандардните првотимци кај каталонскиот гигант.

Следен предизвик за Барса е гостувањето на Јувентус во Лигата на Шампионите, дуел за кој Куман нема да може да смета на Филипе Кутињо. Бразилецот ги одигра сите 90 минути на последното „Ел Класико“, но по мечот се пожалил на болка во левата нога.

„Деталните прегледи покажаа истегнување на мускулот на левата нога. Кутињо ќе мора да мирува извесно време“, објави Барселона.

Точното време на рехабилитација не е наведено, но бразилскиот интернационалец сигурно ќе го пропушти дуелот со Јувентус, како и наредниот лигашки меч на Барса, гостувањето во Виторија против Алавес.

Се вчитува...