Нов проблем за Сити: Агуеро во „аут“ до крајот на сезоната?

Манчестер сити е во ’мртва трка’ со Ливерпул и со Манчестер јунајтед за освојување на третата позиција во Премиер – лигата, која носи директно во Лигата на шампионите, но се соочува со повреда на својот главен адут во нападот, Аргентинецот Серхио Агуеро. Тој се пожали на болки во препоните на самиот крај од дуелот против Мидлсборо и беше заменет, а првичните проценки се дека ќе мора да одмори околу три седмици. А тоа значи дека ќе ја пропушти и целата сезона до крајот, со оглед дека последното коло од англискиот шампионат е на програмата на 21 мај.

„Мислам дека е повреден, но не знам колку ќе отсуствува. Таа информација ќе треба да ја добијам од лекарскиот тим“, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.

Бразилецот Габриел Хесус се врати во составот по повредата, но сега Гвардиола ќе го нема на располагање Серхио Агуеро.

Се вчитува...