Нов проблем за Србија пред ОИ – „Орлите“ останаа без уште една НБА ѕвезда

Минатата недела Никола Јокиќ објави дека нема да настапи во квалификациите и на Олимписките игри, а сега српската репрезентација остана без уште една позната НБА ѕвезда. Сепак, за разлика од Јокиќ кој самоволно одлучи да не игра, Богдан Богдановиќ не е во можност да го облече репрезентативниот дрес бидејќи со Атланта обезбеди пласман во финалето на Источната конференција.

Олимписките квалификации се совпаѓаат со финалната серија бидејќи ќе се одржат од 29 јуни до 4 јули, а Милвоки и Атланта почнуваат и би можеле да играат до 5 јули ако дојде до седми натпревар.

Во зависност од исходот, а и од здравствената состојба, Богдановиќ можеби ќе биде во можност да настапи на Олимписките игри, но визата за Токио, српската репрезентација ќе треба да ја брка без него.

Се вчитува...