Нов проблем за Зидан: Ниту Крос не игра против Реал Сосиедад

Зинедин Зидан се соочува со огромни проблеми во пресрет на утрешниот дуел со Реал Сосиедад, откако францускиот стратег на денешната прес-конференција обелодени дека нема да може да смета на услугите на Тони Крос. Германскиот ас не тренираше во последните два дена, по што нема да патува со тимот за Реал Сосиедад, исто како и Хесус Валјехо.

Не можеме да сметаме ниту на Крос и на Валјехо. Ситуацијата е таква каква што е, знаевме дека ќе има периоди во кои ќе имаме проблеми со составот, но очекувам да одговориме на предизвикот“ – истакна Зидан.

Тренерот на Реал Мадрид не може да смета ниту на повредените Бензема и Ковачиќ, како и на суспендираните Роналдо и Марсело, па јасно е дека Зидан нема премногу избор во пресрет на гостувањето на жешкиот терен на „Аноета“.

„Кралевите“ ремизираа на двете домашни средби против Валенсија и Леванте, веќе заостануваат четири бода зад Барселона и дефинитивно не смеат да си дозволат неуспех против Реал Сосиедад, тим што одлично ја стартуваше новата сезона.

Се вчитува...