Нов проблем за Зидан: Се повреди и Куртоа

Главоболките на Зинедин Зидан се повеќе се зголемуваат откако по Еден Азар и Дани Карвахал повреда заработи и првиот голман на „кралевите“, Тибо Куртоа.

Одличниот чувар на мрежата се пожалил на повреда при подготовките со белгиската репрезентација, од каде добил дозвола да се врати назад во Мадрид и таму да почне со рехабилитациска програма. Првите информации говорат дека повредата не е премногу сериозна, но се уште е неизвесно дали Куртоа ќе може да брани за Реал на следниот дуел со Кадиз, закажан за 18 октомври.

Доколку не се рехабилитира навреме, тоа би бил огромен проблем за Зидан бидејќи вториот голман на Реал, Украинецот Лунин, е позитивен на Covid-19 и ќе мора да ги мине следните 14 дена во самоизолација.

Се вчитува...