Нов шок за Гвардиола – се повреди и Стоунс

Пеп Гвардиола се соочува со нов проблем на стартот од сезонава, и тоа повторно со повреда на централен дефанзивец на Манчестер Сити. По тешката повреда на Лапорт, кој ќе отсуствува најмалку до февруари, денеска беше обелоденето дека Гвардиола останал и без помошта на Џон Стоунс, кој се повредил за време на последниот тренинг пред патувањето во Украина.

„Стоунс има повреда на мускулот и паузата ќе изнесува најмалку пет седмици“ – објави Манчестер Сити на официјалната страница.

По ваквиот развој на настаните, Гвардиола остана само со Отаменди како единствен класичен централен дефанзивец во тимот на англискиот првак. Денеска беше најавено дека оваа улога на утрешното гостување против Шахтјор ќе му биде доделена на Фернандињо, а бразилскиот ветеран како што стојат работите ќе мора да се снаоѓа во одбранбената линија најмалку во наредните триесетина дена.

Се вчитува...