Нов шок за Јуве, Дибала бара уште повеќе – 20 милиони евра по сезона!

Италијанскиот првак Јувентус се соочува со енормно барање на Аргентинецот Пауло Дибала во преговорите за продолжување на неговиот договор и останување во Торино. Иако италијанските медиуми првично наведоа дека тој бара 15 милиони евра плата по сезона за да остане во Јувентус и по 30 јуни 2022 година кога му истекува сегашниот договор, сепак, барањето е уште поголемо.

Дибала бара 20 милиони евра годишна плата. И тоа го оправдува со огромната плата на Кристијано Роналдо, но и на холандскиот интернационалец Матијс де Лихт кој заработува 12 милиони евра по сезона.

Според сегашниот договор, Пауло Дибала има заработка од 11 милиони евра годишно и тој смета дека е неверојатно онеправдан во однос на фудбалерите кои подоцна од него пристигнаа како засилувања во Јувентус.

Се вчитува...