Нов „шок“ за ПСЖ во 2023 година – пораз и од Рен, се топи предноста на првото место (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ одново се шокирани во 2023 година. Откако пред неколку кола беа поразени од Ленс, вечерва „ѕвездите“ од Париз загубија од Рен на гости, и така сега битката за титулата во Франција станува доста интересна.

Иако вечерва настапија и Меси, и Нејмар, во вториот дел и Мбапе, сепак, ПСЖ не најде решение за голот на Манданда. Упатија само еден шут во текот на сите 90. минути. Херој на Рен беше Траоре кој во 65. минута го совлада Донарума, и донесе три бода за својот тим.

За ПСЖ ова беше вториот пораз во вториот меч во Лига 1 во 2023 година, и сега има само три бода предност пред Ленс, односно пет пред Олимпик Марсеј.

Се вчитува...