Нов шок за Реал: Лука Јовиќ мора да оди шест месеци во затвор!?

Србинот Лука Јовиќ се соочува со нов предизвик во животот, повторно издвојувајќи се во центарот на вниманието, но не поради фудбалот. Јовиќ во март оваа година ги прекрши правилата на самоизолација кога од Мадрид одлучи да се врати во Белград, па Јавното обвинителство во Србија одлучи да поднесе кривична пријава против него.

Обвинителството од судот бара казна за Јовиќ од дури шест месеци затвори, на кое барање Судот во Белград треба да одлучи во текот на денов.

Јовиќ имаше шанса да биде отфрлена кривичната пријава против него, но одби да плати 25.000 евра како казна, очигледно сигурен дека потоа нема да дојде до кривична постапка.

 

Се вчитува...