Нов скандал ја тресе Шпанија – Местење натпревари кои одлучувале за пласман во Лигата на шампионите

Нов скандал го тресе шпанскиот фудбал. Под истрага се два фудбалски натпревари на Валенсија против Хуеска и Валјадолид, како и мечот меѓу Вилјаереал и Хетафе.

Во координирана акција меѓу шпанското обвинителство и полицијата беа приведени неколку лица, меѓу кои и поранешни функционери и фудбалери за кои се сомневе дека се дел од местење на натпревари.

Седум фудбалери на Вилјареал добиле понуда да го загубат мечот од последното коло против Хетафе. Натпреварот завршил 2-2, а во квалификациите од Лигата на шампионите заминала Валенсија која истиот ден победила против Валјадолид со 2-0.

 

Се вчитува...