Нов скандал: Премиерот дозволил Ѓоковиќ да влезе во Австралија ден пред затворањето

Премиерот на Австралија, Скот Морисон ден пред доаѓањето на Новак Ѓоковиќ и почетокот на драмата која уште трае во Мелбурн дал изјава која фрла ново светло во целата ситуација.

Имено, Морисон изјавил дека владата на секоја сојузна држава издава одлука за медицински исклучок за себе, истиот случај кој важи и за Викторија во која се наоѓа Мелбурн.

„Тоа е прашање за владата на државата Викторија. Тие му дадоа дозвола да влезе, а ние ќе се однесуваме согласно тоа. Така функционира тоа, секоја сојузна држава си дава свое одобрение и тука нема промена откако трае пандемијата. Викторијанската влада донесе таква одлука и тие се одговорни за тоа“, изјави Морисон. 

Целата ситуација е конфузна и се очекува полноќ недела према понеделник да дознаеме дали ќе му биде дозволено на Ѓоковиќ да влезе во Мелбурн и да настапи на првиот гранд-слем во сезоната.

Се вчитува...