Истражувањето на угледниот британски весник „Тајмс“ открива дека првиот човек на светскиот фудбал во текот на 2024 година добил дополнителни 1,76 милиони долари преку компанијата формирана за организација на Светското првенство. Тие пари никогаш не биле прикажани во годишните финансиски извештаи на ФИФА.
Британскиот весник тврди дека овие непријавени исплати служеле за финансирање на луксузниот животен стил на Инфантино во Мајами.
„Тајмс“ потсетува дека ФИФА во 2016 година се обврзала секоја година јавно да ја објавува платата на својот претседател и генерален секретар. Сепак, според британскиот весник, Инфантино имал два одделни извори на приход еден јавен и еден што никогаш не бил пријавен.
Првиот се однесувал на платата што ја добивал од ФИФА во Швајцарија, која уредно била прикажана во годишните финансиски извештаи. Вториот, пак, доаѓал од компанијата задолжена за организација на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, а тие исплати никогаш не биле јавно обелоденети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
