Нов сопственик и веднаш победа: Саутемптон го „ратури“ Брентфорд (ВИДЕО)

Новиот веројатен газда на Саутемптон, Драган Шолак денеска на трибините на „Сент Мери“ со задоволство го гледаше својот нов клуб како го „растура“ Брентфорд. Победа на домашниот тим со 4-1. Беднарек уште во 5. минута донесе водство за домашните, а Јанлет во 23. минута успеа да израмни.

Фернандез во 37. минута си постигна автогол за ново водство на Саутемптон, а Броја во 49. минута зголеми на 3-1. Конечни 4-1 ги постави Адамс во 70. минута од мечот.

Се вчитува...