Нов „стопер“ во Ливерпул? Отстранети сите дилеми!

Асистентот на Јирген Клоп, Пеп Лијндерс говореше за амбициите на Ливерпул во претстојниот трансфер период и се чини дека ги реши сите дилеми околку засилување на централната бековска линија.

Ливерпул оваа сезона остана без услугите на Ван Дајк и Џо Гомез, во медиумите за нивни замени се шпекулираше со Дајо Упамекано и Пер Шурс, но англискиот тим има друга визија…

„Тоа што нас не разликува од останатите тимови е тоа што ја имаме таа култура и кога ќе изгубиме добар индивидуалец не отстапуваме од своите идеи. Велат дека без индивидуалци нема колектив, но без колектив нема резултати. Во ваквите моменти кога ќе изгубите врвен играч, автоматски се дава шанса за млади играч. Ние инвестираме многу во нив и сакаме да бидат дел од составот. Тоа што сакам да Ви го кажам е дека најдобриот план за резервен играч кој ќе го замени првотимецот е тој од академијата. Младите играчи никогаш нема да ве изневерат, никогаш“ – изјави Лијндерс.

Доказ за тоа беше и синоќешното дерби со Тотенхем, на кое Клоп во ситуација кога беше повреден и Матип му даде шанса на Рис Вилијамс, а младиот дефанзивец одлично ги исполни дадените задачи.

Се вчитува...