Нов супер-гол и рекорд на Роналдо, но залудно… Јуве шокиран од Верона (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо се запиша во историјата на Јувентус како прв фудбалер на овој клуб на кого му успеало да постигне најмалку по еден гол на десет едноподруго меча во Серија А. Роналдо постигна прекрасен гол на гостувањето на Јуве против Верона во 23. коло, но залудно… Јувентус доживеа шокантен порааз од 2-1 и покрај водството од 1-0.

„Старата дама“ поведе со голот на Роналдо во 65. минута…

 

Но, потоа во 76. минута Борини израмни, а Пацини од пенал во 86. минута донесе конечни 2-1 за Верона.

Јувентус, по овој пораз, остана со три бода предност во однос на Интер, но и со натпревар повеќе од најголемиот конкурент за титулата.

Се вчитува...