Нов светски рекорд на американската штафета на СП во Будимпешта

Американската мешана штафета постави нов светски рекорд во дисциплината 4х100 мешано на Светското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта.

Штафетата во состав: Мат Греверс, Лили Кинг, Кејлеб Дресел и Симон Мануел ја зварши трката со време од три минути, 38 секунди и 56 стотинки.

Сребрениот медал го освои штафетата на Австралија со време од 3:41,21 со нов рекорд на Океанија, додека бронзениот медал го поделија штафетите на Канада и на Кина кои на целта стигнаа со идентичен резултат од 3:41,25 минути.

Се вчитува...