Нов тренер за нова ера на Милвоки бакс

Американскиот кошаркарски стручњак Мајк Буденхолцер е избран за нов тренер на Милвоки бакс.

„По внимателен период избравме тренер за кој сметаме дека ќе биде идеален за новата ера на Милвоки. Мајк покажа способност на комуницирање, но и разбирање што е неопходно за изградба на победничка култура“ – порачаа сопствениците на Милвоки.

Бакси преговараа и со Еторе Месина, но изборот падна на 48-годишниот Буденхолцер кој неодамна доби отказ од Атланта каде работеше претходните пет сезони. Пред да потпише со Атланта, 17 години беше асистент на Грег Попович во Сан Антонио.

„Исклучително сум благодарен на сопствениците на клубот кои ми ја укажаа довербата. Мислам дека заеднички ќе успееме во желбите да го изградиме овој тим на едно повисоко ниво“ – порача Буденхолцер.

Се вчитува...