Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл учинок. Србинот со 26 поени, 18 скокови и 16 асистенции го предводеше Денвер до победа од 130-101 над Кливленд, забележувајќи ја 52 победа во сезоната. На спротивната страна се истакна Мобли со 23 поени.
На победа се радуваше и Далас кој предводен од неверојатниот Лука Дончиќ стигна до триумф на гостувањето кај Хјустон со 107-125. Словенечкиот кошаркар реализираше 47 поени, а постигна и 12 скокови и 7 асистенции. Смит Џуниор со 28 поени и 7 скокови беше лидер на Рокетс.
Границата од 40 поени ја достигна и Леброн Џејмс кој додаде и 7 скокови и 5 асистенции за победа на Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Бруклин со 104-116. Томас со 30 поени беше прво име кај домашниот состав.
Во останатите натпревари: Шарлот – ЛА Клиперс 118-130, Торонто – Филаделфија 120-135, Вашингтон – Мајами 107-119, Минесота – Чикаго 101-109, Њујорк – Оклахома 112-113, Сан Антонио – Голден Стејт 113-117, Сакраменто – Јута 127-106.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА