Нов трипл-дабл на Јокиќ, нова победа на Денвер (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари. Актуелниот шампион Денвер нагетс стигна до нов триумф сезонава откако на домашен терен без поголеми проблеми славеше против Њу Орлеанс пеликанс со 125-113.

Повторно најдобар поединец во таборот на победникот беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со трипл-дабл учинок од 27 поени, 14 асистенции и десет скока. Кај поразените Зајон Вилијамсон постигна 30 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Хјустон 110-112, Атланта – Индијана 108-126, Филаделфија – Сакраменто 112-93, Сан Антонио – Шарлот 135-99, Минесота – Портланд 116-93, Мемфис – ЛА Клиперс 119-128, Чикаго – Голден Стејт 131-140, Мајами – Орландо 99-96 и Јута – Торонто 145-113.

Се вчитува...