Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра нов одличен натпревар во победата на неговиот Денвер Нагетс во дербито на вечерта на домашен терен против Мемфис Гризлис со 105-91.
Србинот мечот го заврши со 13 поени, надополнети со ист број на скокови и асистенции. Кај поразените се истакна Жа Морант со 35 поени.
Одлична вечер имаше и Лаури Марканен кој ја водеше Јута Џез до гостинска победа над Детроит Пистонс од 111-126. Финецот мечот го заврши со 36 поени, додека кај поразените Џејден Ајви заврши со 30 поени.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Мајами – Чикаго 103-113, Голден Стејт – Њујорк 132-94 и Феникс – Вашингтон 110-113.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА