Нов трипл-дабл на МВП-Јокиќ, продолжува доминацијата на Стеф Кари (ВИДЕО)

Нов трипл-дабл запиша Никола Јокиќ во синоќешната победа на Денвер против Мајами од 123-106 во НБА лигата.

Јокиќ за 32 минути на паркетот постигна 17 поени, дополнети и со 11 асистенции и 10 скока. Мајкл Портер беше најефикасен кај Денвер со 25 поени и 10 скока, а Адебајо кај Мајами запиша 21 поен.

Стеф Кари одигра уште еден одличен натпревар во високата победа на Голден стејт против Оклахома од 147-109.

Во само 29 минути постигна 42 поени, подели осум асистенции и имаше шест скока. Постигна извонредни 11 тројки од 16 обиди.

Кари во последните три дуели запиша 29 тројки, најмногу било кога низ период од три натпревари во НБА лигата.

Во дербито на вечерта Филаделфија славеше против Бруклин со 123-117. Незапирлив беше Кајри Ирвинг со 37 поени и девет асистенции, а кај Бруклин се издвои Џоел Ембид со 39 поени и 13 скока.

 

Се вчитува...