Нов триумф на „Ред Бул“, Ферстапен во претпоследниот круг го претекна Леклер

Во првите спринтерски квалификации во Формула 1 сезонава, триумфираше актуелниот шампион Макс Ферстапен. Возачот на „Ред Бул“, го престигна Шарл Леклер од Ферари со два круга за да победи на спринтерската трка на Големата награда на „Емилија Ромања“.

Резултатот му дава пол-позиција на светскиот шампион да ја започне главната трка во недела, а неговата разлика во шампионатот е намалена на 45 бода.

Верстапен спринтуваше од дирекот, но го загуби водството на стартот. Сепак, во претпоследниот круг следуваше вистинска „магија“, Ферстапен мудро го претекна Леклер за воодушевување на публиката.

Се вчитува...