Нов триумф: Ракометните кадети го демолираа Косово

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Летонија, откако „црвено-жолтите“ лесно и убедливо го совладаа Косово со резултат . По вчерашниот лесен триумф над Турција, нашите ракометари одиграа уште еден доминантен меч и рутински славеа, пред дуелот со домаќинот Летонија кој ќе решава за првото место во групата.

Косовските ракометари изненадија со подобриот старт на мечот, стигнувајќи до рано водство од убедливи 2-7. Противникот потоа имаше и 3-8 и 4-9, по што Македонија постигна пет гола во низа и експресно се врати во мечот. Тајмаутот на косовскиот селектор не беше од помош бидејќи нашите млади ракометари продолжија да доминираат до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со убедливи 11-21, по новиот погодок на расположениот Александар Петковски.

Вториот дел мина во рутинска игра на „црвено-жолтите“, кои знаеја како да ја зголемат уште повеќе својата предност и на крајот триумфираа со убедливи 39-16.

За МВП во нашиот табор беше избран голманот Иван Галевски, кој бранеше одлично на оваа средба. Најефикасни во нападот на македонската репрезентација беа Петковски со девет и Димовски со пет постигнати гола.

Се вчитува...