Нов циркус со визите на СП: Играч на БСК без дозвола за влез во Канада

На напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска, Елју Вахи, му е одбиена виза за патување со својата репрезентација во Канада и нема да учествува во вториот натпревар на „слоновите“ на Светското првенство против Германија во сабота, објави во четврток Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска (ФИФ).

Според ФИФ, „потребните административни одобренија за неговиот влез во Канада не можеа да се добијат во оваа фаза“.

„Тој нема да може да патува со делегацијата во Канада“, додаде федерацијата во своето соопштение, без да ги наведе причините за одбивањето.

Тој е вториот играч на Светското првенство на кого Канада му го одби влезот, по играчот од средниот ред на Гана, Томас Парти, кој се соочува со обвиненија за силување во Обединетото Кралство.

Се вчитува...