Нов циркус во Грција: ПАО играше сам против себе, кокошка на клупата на Олимпијакос

На грчката кошаркарска пародија како да и нема крај, откако Олимпијакос ги исполни дадените најави, не се појави на терен на денешниот дуел со Панатинаикос, што значеше и преселба на „црвено-белите“ во понизок ранг на натпреварување.

Кошакарите на ПАО немаа противник, па се поделија и играа меѓу себе, додека тренерот Рик Питино ги снимаше случувањата на својот мобилен телефон, најверојатно свесен дека во САД нема да му веруваат дека вакво нешто се случило при пресметка меѓу две екипи од Евролигата.

„За овие пет месеци во Грција, видов безброј работи што не сум ги видел никаде во светот на кошарката“ – изјави неодамна Питино.

За циркусот да биде комплетен, пред празната клупа каде требаше да се најдат кошаркарите на Олимпијакос беше оставенa кокошка. Само за потсетување, на последниот натпревар што Олимпијакос го напушти во „ОАКА Арена“, домашниот претседател на клупата на „црвено-белите“ остави танга.

Се вчитува...