Француската фудбалска федерација (ФФФ) ја повлекува поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор на чело на ФИФА следната година, пишува дневниот весник „Ле Монд“, повикувајќи се на извор близок до случајот.
Инфантино, кој се кандидира за уште еден мандат како претседател на ФИФА, се соочи со критики поради начинот на кој ја укина суспензијата на американскиот интернационалец Фоларин Балогун по добиениот црвен картон на Светското првенство, како и поради други прашања поврзани со управувањето со организацијата.
ФФФ не ја потврди таа информација, наведувајќи дека состанокот на извршниот комитет посветен на оваа тема се уште не е завршен. Со тоа, Франција им се придружува на другите европски федерации, како оние на Белгија, Шведска, Шкотска и Италија, кои исто така ја повлекоа поддршката за Џани Инфантино.
Инфантино во неделата потврди дека во март 2027 година ќе се кандидира за нов мандат на чело на ФИФА, функција што ја извршува од 2016 година. Тој во моментов е единствениот кандидат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
