Проблемите на Реал Мадрид со повредени фудбалери уште повеќе се зголемија откако на листата се приклучи и Едуард Камавинга, кој го повреди коленото на последниот тренинг на француската репрезентација.
Камавинга настрада при еден дуел со Усман Дембеле, поради болка во коленото не можеше да го доврши тренингот, а според информациите на француските медиуми, тој по лекарските прегледи тој добил и зелено светло да ја напушти репрезентативната база и да се врати во својот клуб.
Останува да се види колку е сериозен проблемот, кој сигурно би му создал огромни главоболки на тренерот Карло Анчелоти. Тој веќе извесно време не може да смета ниту на Чуамени, како и на Куртоа и Милитао, кои се во аут од самиот старт на сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА