Нов успех: Калин Ивановски со трофејот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одлични игри пред крајот на ова календарска година откако успеа да се закити со трофејот на ИТФ-турнирот што се одржуваше во Мадрид.

Ивановски за противник во големото финале го имаше Марк Вајтхаус од Велика Британија, дуел што нашиот тенисер го доби со максимални 2-0 во сетови. Калин успеа да направи брејк во првиот сет и да го добие со 6-4, како најава за уште подобро издание во вториот дел од мечот. Македонецот целосно доминираше, славејќи со 6-2 за нов трофеј во својата колекција.

Вајтхаус имаше подобар рејтинг за 50 места во однос на нашиот тенисер (577. место на Британецот, 627. на Ивановски), нешто што сигурно ќе се промени по денешниот меѓусебен дуел.

Се вчитува...