Нова атракција на Јокиќ со која ги збудале Американците – Асистенција без гледање и зад грб (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ синоќа беше повторно во центарот на вниманието, па тој е на добар пат кон добивање на признанието најкорисен (МВП) играч во регуларниот дел од сезоната во НБА, а за оваа „титула“ и тоа како му помагаат магичните потези како и лудиот потег на последниот натпревар во триумфот на Денвер нагетс над Хјустон рокитс (128-99).

Центарот на „грумењата“ кон крајот на вториот период имаше неверојатна асистенција и тоа без гледање и зад грб, покажувајќи дека има неверојатна прегледност врз играта дури и кога противникот мисли дека е фокусиран на нешто друго.

 

 

Се вчитува...