Нова битка на семејството Наинголан: Поради COVID19 во Италија „секнуваат“ лековите за карцином

Сопругата на Раџа Наинголан, Клаудија која веќе една година се бори со карцином на социјалните мрежи објави потресно писмо во кое објаснува дека поради кризата со COVID19 има недостаток на лекови за оваа тешка болест.

„Ова е тежок момент за нас болните од карцином. Се соочувам со проблеми во обезбедувањето на потребните лекови. Има многу луѓе кои како мене се во оваа тешка ситуација. Многу е веројатно да заболиме од некои други болести со оглед дека нашиот имунолошки систем е преслаб. Останува да чекаме…” – стои во писмото од Клаудија Наинголан.

Пред почетокот на оваа сезона, Раџа Наинголан побара од Интер да оди во Калјари за да биде со сопругата која минатото лето ги почна третманите со хемотерапија. Парот има две ќерки.

 

Се вчитува...